Општина Петровец одбележа 10 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Општина Петровец

Општина Петровец беше дел од одбележувањето на 10 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада на АРМ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

 

Со положување цвеќе на спомен-обележјата кај катлановско Блаце, беа одбележани десет години од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада на АРМ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Општина Петровец секоја година им оддава почит на загинатите во оваа хеликоптерска несреќа, па така и оваа година делегација од Општина Петровец предводена од градоначалникот Борче Митевски положи цвеќе пред споменикот на загинатите мировници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.