All for Joomla All for Webmasters

Азиските градови најскапи за странците, Скопје на 197 место

Според најновото истражување на консултантската куќа „Мерцер“ Хонг Конг е најскапиот град за живот на странските работници. 

По Хонг Конг следат Токио, Цирих и Сингапур, додека Сеул е петти.Четири од петте најскапи градови се од Азија, а во топ 10 листата вклучени се и Луанда, Шангај, главниот град на Чад – Нџемена, Пекинг и Берн.

 

Во конкуренција од 209 градови во светот,  Скопје е на 197 место на листата на најскапи градови за живот на странски работници, а меѓу другите поголеми европски градови во рангирањето се наоѓаат Франкфурт (68), Берлин (71), Минхен (57), Париз (34), Рим (46), Мадрид (64), Виена (39), Москва (17) Санкт Петербург (49) и Киев (173).

 

Најефтин град за странските работници е Ташкент којшто се наоѓа на последното 209 место.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.