МИСТЕРИОЗНИОТ ЦРН ПРСТЕН НА ПРИНЦОТ ХАРИ: Го стави по венчавката, а ова е вистината за него

Откако принцот Хари се појави со невообичаен црн прстен на десната рака, кој оттогаш не го извади, јавноста не престана да се интересира за него.

 

Првичните шпекулации беа  дека тоа всушност е подарок од Меган Маркл, откако беше објавена веста за бременоста или најава за Инвиктус игри во Сиднеј, но одговорот е многу поедноставен.

 

Како што дознава магазинот Пипл, станува збор за прстен наречен Оура, кој всушност е модерен тракер  кој ги следи сите активности и ги пренесува податоците на паметен телефон.

 

Прстенот направен од титаниум доаѓа во два различни модели и дури четири бои, а принцот Хари го избра моделот во црна боја.

 

Дека нема ништо против носење накит, принцот покажа веднаш по свадбата, бидејќи оттогаш тој сè уште не го извадил својот венчален прстен.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.