КАРЛЕУША БИЛА ОДНЕСЕНА ВО БОЛНИЦА: Добила напад на паника

Јелена Карлеуша доживеала тежок нервен слом откако се појавија на интернет експлицитни фотографии на кои се тврди дека е таа и дека го изневерила сопругот  Душко Тошиќ со единаесет години помладиот фудбалер Огњен Врањеш.

 

"Јелена беше во студиото на Кошутњак и ги подготвуваше кандидатите за натпреварување. По еден телефонски повик, пребледела и без зборови го напуштила студиото и кандидатите кои не стаса да ги подготви до крај", вели извор од Гранд за српски Курир.

 

Пријателите на Карлеуша велат дека по пристигнувањето дома имала тежок нервен слом.

 

 "Пејачката не можеше да дише, имаше напад на паника. Таа врескаше и го повикуваше сопругот. Мајка и Дивна и најдобриот пријател  Зоран ја однеле во приватна клиника, каде што ја смириле и и препишале терапија и да мирува. Карлеуша не сакала да чека ни минута, ги спакувала децата и во вечерни часови одлетала во Кина за да разговара со нејзиниот сопруг ", рече изворот.

 

На Душко се ова многу тешко му паднало. Како што пишува курир.рс луѓето кои го познавале кажуваат дека  тој е патријархално воспитани и се движи меѓу таквите луѓе, а овој скандал е нешто што ќе биде многу тешко да се проголта.

 

 "Душко многу ги сака своите ќерки и сака семејството да остане заедно.  Но, e многу лут поради тоа што Јелена влегла во било каква комуникација со човек кој на ваков начин сака да стане познат", изјавил еден колега на Тошиќ.

 

"Одењето на Карлеуша во Кина беше исклучително драматично. Таа на нејзиниот сопруг со солзи во очите му објаснувала дека тој е единствениот човек кој ја интересира и нема да преживее доколку се разведат. Таа плачеше со денови. Луѓето кои се блиски до неа велат дека и е особено тешко за неа тоа што нејзината сериозно болна мајка се потресе поради се што се случува и што тоа може да биде кобно за неа ", вели на изворот за курир.рс





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.