ДАЛИ КАРИЕРАТА НА ЈК ВО СРБИЈА Е ЗАВРШЕНА? Душко Тошиќ и поставил ултиматум на Јелена

Душко Тошиќ наводно ставил ултиматум, ако Јелена Карлеуша,  сака да остане во брак со него. Фудбалерот на пејачката и предложил, таа и ќерките да се преселат во Кина, за семејството да биде заедно!

 

После порно-скандалот  што го потресе целиот регион, бракот на Карлеуша и Тошиќ е сериозно нестабилен. Штом медиумите објавија детали за нејзините препукувања  со Огњен Врањеш, за кои Јелена тврди дека се фото монтажа, како и сите експлицитни слики и снимки, таа отпатувала  со своите ќерки во Кина, за да му  објасни на Душко.

 

Очигледно е дека брачните партнери успеале да ги решат несогласувања по неколкудневните разговори, кои, како што изворот вели, беа напорни и тешки за двајцата.

 

- Јелена му објасни на Душко дека се е наместено, позади тоа стои група луѓе кои сакаат да ја уништат нејзината кариера и сето она што го градела за години. Таа со денови плачека како дожд, а и Душко исто така. Најпрво им е тешко поради нивните ќерки што и тие мора да го преживуваат сето тоа, бидејќи поради тоа нивното детство е загрозено, а тешко им е и поради нивните семејства, пријатели. Сепак, по повеќечасовните разговори, во кои плачеа, изнесоа што им е на душата, што им пречи, сфатиле дека се сакаат и понатаму сакаат да бидат заедно - вели извор близок на Тошиќ и додава дека тој на Јелена и постави услов.

 

- Душко е убеден дека единствениот начин да се спаси нивниот брак е Селена и девојчињата да се преселат кај него во Кина. Тој и предложи да купат убава куќа во Гуџаџо, каде што игра  и додека тој престојува таму, да направат дом. Душко е убеден дека и на  Јелена и него тоа ќе му помогне  бидејќи ќе поминуваат  повеќе време заедно, ќе бидат вистинско семејство и така ќе се оддалечат  од медиумите и презирните погледи - вели изворот.

 

Со оглед на тоа што Карлеуша успешно ја гради кариерата  во Србија и во регионот, не и е лесно да донесе таква радикална одлука, па Тошиќ дал време за да размисли.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.