Свадбената веселба на Серхио Рамос и Пилар Рубио (ФОТО)

Познатиот фудбалер Серхио Рамос се ожени за телевизиската водителка и негова долгогодишна девојка Пилар Рубио. Тие се заедно седум години и имаат три деца. Двојката стапи во брак во катедралата во Севиља пред повеќе од 500 гости.

 

На свадбената церемонија, покрај роднините и пријателите, имаше многу популарни лица. Меѓу нив беа Дејвид и Викторија Бекам, Лука Модриќ заедно со сопругата Вања Боснич, Флорентино Перез, Фернандо Иеро, исто Предраг Мијатовиќ со партнерката Анета Миличевиќ, Алваро Морати и Алис Кампања, Пепе Реина со сопругата Јоланда Руиз, Санти Касорла со сопруга Урсула Сантирсо, Серхио Бускетс заедно со Елена Галија.

 

Стотици луѓе се собраа пред катедралата, за да ја видат церемонијата на фудбалерот и телевизиската водителка, која пристигна во катедралата, придружена од нејзиниот татко. 

 

По свадбата, двајцата младенци ги споделија своите емоции.

 

"Тоа беше чувствително. Бевме возбудени кога ги гледавме децата како нѐ гледаат. Имав црн букет, затоа што сакав да ја потенцирам индивидуалноста и да се добие совршена мешавина", изјави Пилар Рубио.

 

"Сум бил на многу свадби, но ниедна не беше како мојата. Љубовта е онаа која го движи светот, а ние имаме неверојатно семејство. Сега мораме да уживаме, да бидеме среќни и во љубов", додаде Рамос.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.