Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез е победник на МОТО ГП трката што се возеше во Тексас, САД

Марк Маркез

Маркез без голема борба стигна до нова победа откако Маверик Вињалес падна уште во првиот круг.

 

Актуелниот шампион неколку круга водеше битка со тимскиот колега Дани Педроса, но потоа ја покажа својата супериорност и на крајот победи со нешто над три секунди предност. Втор низ целта мина Валентино Роси, кој во завршницата успеа да го помине Дани Педроса. 

 

Шпанецот мораше да се задоволи само со последното место на подиумот. Со второто место во Тексас, Италијанецот Роси ја превзеде лидерската позиција во генералниот пласман. Кал Крачлоу и Жоан Зарко имаа интересен дуел во завршните неколку круга, Британецот на крај излезе како победник и заврши четврти, а Французинот петти.

 

Андреа Довициозо беше шести, а Андреа Јаноне на Сузуки седми. Помеѓу најбрзите десет уште завршија Данило Петручи, Хорхе Лоренцо и Џек Милер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.