Мојс повеќе не е тренер на Сандерленд

Дејвид Мојс

Искусниот фудбалски тренер Дејвид Мојс повеќе нема да биде менаџер на Сандерленд. 54-годишниот Мојс поднесе оставка од менаџерската позиција, откако екипата од североисточен Лондон заврши како последно пласирана во неодамна завршената сезона во Премиер лигата.

 

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Елис Шорт и управата кои ми овозможија да ја водам екипата на Сандерленд, како и на навивачите кои секогаш страсно го поддржуваа клубот. На мојот наследник и на играчите им посакувам среќа и брзо враќање во Премиер лигата“, изјави Мојс.

 

Како што пишуваат англиските медиуми, Мојс се откажал од отштета од три милиони фунти која можел да ја земе по основ на предвремено прекинување на соработката. Иако засега не е познато името на неговиот наследник, англиските медиуми најчесто го споменуваат името на Гери Монк актуелниот менаџер на Лидс Јунајтед. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.