Младата ракометна репрезентација на Македонија стигна и до втората победа на Светското првенство во Алжир.

Македонија

Младата ракометна репрезентација на Македонија стигна и до втората победа на Светското првенство во Алжир.

Избраниците на селекторот Илија Темелковски го декласираа аутсајдерот Буркина Фасо со високи 48:20. Натпреварот со Буркина Фасо селекторот го искористи за да ги одмори носителите на играта и да им овозможи да играат на оние играчи кои имаат помала минутажа. Димитриоски со 8, Џонов со 6 и Шилегов со 5 гола беа најефикасни во редовите на Македонија. Денеска Македонија игра против Тунис, а натпреварот е закажан за 19 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.