Српскиот репрезентативец Александар Коларов од следната сезона се враќа во Италија и повторно ќе игра во Серија А.

Александар Коларов

Српскиот репрезентативец Александар Коларов од следната сезона се враќа во Италија и повторно ќе игра во Серија А.

Коларов се враќа во Рим, но овој пат тој ќе го облече дресот на лутиот ривал на Лацио, екипата на Рома. Италијанските медиуми објавуваат дека договор има. Тој пристигнува како позајмен фудбалер со тоа што „Волчицата“ ќе има обврска да го откупи неговиот потпис идното лето за сума од 7 милиони евра. Мончи издејствува ваква зделка за клубот да нема проблеми со финанискиот фер-плеј, претходно на истиот начин во Рим пристигна Грегори Дефрел. Коларов го носеше дресот на Лацио три сезони и постигна 11 погодоци на 104 натпревари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.