Баргиј победи на 18-та етапа од Тур Де Франс 2017, Фрум пред нова победа во Франција

Тур Де Франс 2017

На Тур Де Франс 2017 се возеше 18-тата етапа во должина од 179,5 километри.

До победата на планинскиот испит од Бријанкон до Кол д’Изоар му припадна на Французинот Ворен Баргиј. Но најголем добитник на оваа етапа на Тур де Франс е Крис Фрум лидерот во генералниот пласман откако неговите ривали за првото место не успеаја да ја искористат шансата за осетно да ја намалат предноста која ја има. Фрум го освои четвртото место што беше супер сценарио за задржување на предноста пред Уран и Барде кои имаат се помали шанси да го загрозат првото место на Британецот. Фрум по 18. етапа води со 23 секунди пред Барде кој намали само една секунда од предноста на ривалот, додека  Колумбиецот Уран доцни 29 секунди. Денеска се вози 19-тата етапа во должина од 222,5 километри од Ембрун до Салон Де Провенс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.