Дерик Роуз пред трансфер во Кливленд Кавалирс

Дерек Роуз

Кралот Леброн Џејмс има доста забелешки и критики на адреса на клубот кој не е задоволен од тоа што го прави досега во текот на летото.

Но наскоро тоа може да се промени откако Дерик Роуз започна сериозно разговори со челниците на клубот за негов трансфер во Кливленд. Поранешниот МВП на лигата е слободен агент откако направи многу добра кампања за Њујорк, оствари 18 поени, 4,4 асистенции и 3,8 скока по натпревар на 64 средби за Никси. Роуз немаше изминатата сезона поголеми здравствени проблеми. Кливленд не можат да му понудат многу пари, откако понудата ќе биде за 2 милиони, но и шанса да се бори за титулата. Ако прифати Роуз тоа ќе значи дека ќе биде релативно блиску до семејството во Чикаго. Сериозен интерес за него има и од Лос Анџелес Лејкерс, откако тимот од Калифорнија сакаат да го користат како ментор на Лонзо Бол и му нудат освен повеќе пари и повеќе време на теренот. Од пред извесно време тој тренира на базата на „Езерџиите“, но сепак се смета дека шансите да отиде кај Леброн се поголеми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.