Украинскиот боксер Владимир Кличко, објави крај на кариерата

Владимир Кличко

Украинскиот боксер Владимир Кличко, објави крај на кариерата. Кличко соопштението го објави на својата интернет-страница. Објавата на Кличко е неочекувана бидејќи пред само неколку дена беше најавено дека на 11 ноември ќе го има реваншот против Британецот Ентони Џошуа, од кого загуби во април.


Кличко во професионалниот бокс дебитираше во 1996 година откако претходно го освои златниот медал на Олимписките игри во Атланта. Во професионалната кариера има 69 меча, од кои 64 победи, со 53 нокаути. Првата титула светски првак ја освои во во верзијата ВБО, а потоа ги освои и шампионските појаси во верзиите на ВБА, ИБФ и ИБО.

 

Кличко 23 пати успешно ја бранеше шампионската титула и не успеа да го урне рекордот на Џо Луис, кој светската круна успеал да ја одбрани во 25 наврати. Кличко има 41 година, кариерата ја заврши со два пораза по ред од британците Тајсон Фјури во 2015, а потоа и од Ентони Џошуа во април оваа 2017 година.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.