Денис Шаповалов приреди сензација откако со пресврт во осминафиналето го победи Рафаел Надал

Шаповалов - Надал

На тенискиот мастерс 1000 што се игра во Монтреал се случи најголемото изненадување. Канадскиот тенисер Денис Шаповалов приреди сензација откако со пресврт во осминафиналето го победи Рафаел Надал со 2-1 во сетови 3-6, 6-4 и 7-6 и обезбеди четвртфинале на Мастерсот во Монтреал.

 

Надал го освои првиот сет, но потоа се разигра домашниот тенисер кој сосема заслужено стигна до триумфот. Надал со овој пораз ја пропушти шансата во Монтреал, по три години, повторно да биде светски број 1.

 

За првото место на АТП листата Надал во Монтреал требаше да стигне најмалку до полуфиналето. Но, шпанскиот тенисер ќе има уште една можност да го освои првото место, следната недела кога на програмата е Мастерсот во Синсинати, бидејќи и на овој турнир нема да игра Енди Мареј.

 

Во четвртфиналето Шаповалов ќе игра против францускиот тенисер Адриан Манаринo. Пласман во четвртфиналето обезбеди и Роџер Федерер кој во три сета беше подобар од Давид Ферер исто така со пресврт 4-6, 6-4, 6-2.

 

Федерер во четвртфиналето го чека уште еден Шпанец, Роберто Баутиста Агут. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.