Кошаркарскиот шампион на Македонија, тимот на МЗТ Скопје на 22 август ги започнува подготовките за новата сезона

МЗТ Скопје

Кошаркарскиот шампион на Македонија, тимот на МЗТ Скопје на 22 август ги започнува подготовките за новата сезона. Тоа ќе се случи во вечерниот термин во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ од 22 часот.

 

Тренерот Александар Тодоров се очекува на првиот собир на располагање ќе ги има сите играчи кои во моментов се под договор. Дотогаш, новиот стратег на „металците“ ќе работи со помладите играчи на кои ќе им се приклучуваат и поискусните, со цел сите што е можно поподготвени да го дочекаат стартот на подготовките. До почетокот на новата сезона планирано е одигрување на десетина контролни средби.


Прифатено е учеството на меѓународниот турнир во Турција каде на 6 септември МЗТ Скопје ќе ги одмери силите со организаторот Бујукчекмече додека следниот ден ќе има тест-меч против победникот или поразениот од дуелот помеѓу Истанбул ББ и Цибона. На 8 септември е договорена уште една контрола против турскиот второлигаш Пертевнијал Генчлик од Истанбул по што ќе следува враќање во Скопје. Новата сезона стартува на 29 септември кога во „Јане Сандански“ ќе гостува белградски Партизан.

 

МЗТ Скопје покрај настапите во домашното првенство оваа сезона ќе биде единствен учесник од Македонија во регионалната АБА лига.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.