ФИБА ќе прави измени во правилото за чекори и ќе ги израмни правилата во ФИБА и НБА по истата дисциплина

ФИБА

ФИБА ќе прави измени во правилото за чекори кое ќе ги израмни правилата во ФИБА и НБА по истата дисциплина заклучно со 1 октомври 2017 година.

 

Со цел да се има светски-прифатено правило за чекори кое подобро ќе ја отсликува играта на теренот (а и помага играта да биде поатрактивна за гледање), ФИБА од октомври ќе ги прифати измените на правилото по примерот на НБА лигата.

 

Новото правило гласи: Кога играчот има една нога на подот додека ја фаќа топката, нема таа нога да се смета како “пивот-нога” туку следниот чекор се брои како чекор бр. 1 и таа нога автоматски станува “пивот-нога”.

 

Токму ова правило беше најмногу критикувано од интернационалната публика поради тоа што го скратува уживањето во кошаркарската игра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.