Лазаров: Не сум изненаден што публиката во Франција не го знае моето лице

Кирил Лазаров

Екипата на Нант за која настапува Кирил Лазаров го освои и вториот трофеј во претсезоната, откако во финалето на турнирот „Морби Ханд“ го победи дански Силкеборг со 37-29. Нашиот репрезентативен капитен одново го предводеше нападот на францускиот тим, а по мечот изјави дека пристигнал во екипата за да и помогне да се искачи ниво погоре.

 

„Публиката во Франција сè уште не го препознава моето лице, и не сум изненаден поради тоа. Но, горд сум што го знаат моето име, што значи дека слушнале нешто друго за Барселона, освен за фудбалскиот клуб. Дојдов во Нант за да и помогнам на екипата да освои големи трофеи. Сигурен сум дека по остварувањето на тоа, луѓето ќе ме препознаваат мене и останатите соиграчи“, рече македонскиот ракометар.

 

Следен предизвик за Лазаров и Нант ќе биде „Турнирот на шампионите“ на кој ќе се натпреварува против најдобрите четири екипи од Франција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.