Надал повторно број 1 на АТП ранг листата

Рафаел Надал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал од денеска повторно е најдобар светски тенисер откако успеа да го мине Енди Мареј на врвот на АТП листата. Надал на Мастерсот во Синсинати, беше елиминиран во четвртфиналето, но сепак освои доволно поени за да биде тенисер број 1.

 

Тој последен пат на оваа позиција беше на 6.јули 2014 година. Во 2017 година Надал има скор од 49 победи и 9 порази и ова за него е 141. недела на врвот на АТП листата.

 

Победникот на Мастерсот во Синсинати Григор Димитров се проби на деветтото место. Пад забележаа ланскиот победник на Синсинати Марин Чилиќ и Кеи Нишикори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.