Тодоров очекува брзо комплетирање на тимот

МЗТ Скопје

Под раководство на новиот тренер Александар Тодоров, екипата на МЗТ Скопје Аеродром вчеравечер ги почна подготовките за новата сезона, во која ќе го брани трофејот. Тодоров очекува наскоро да се комплетира тимот и да има доволно време за воигрување.

 

- Се уште не сме комплетни, но во кусо време очекувам да ја пополниме и последната празнина и тоа на центарската позиција. Би сакал да бидеме во полн состав пред одигрувањето на пријателските средби за да имаме доволно време за воигрување пред првиот меч од АБА-лигата против Партизан. Задоволен сум од тимот со кој располагам, дојдовме до играчите кои ги сакавме, а единствено изненадување беше заминувањето на Младеновски, што беше само поради неговата желба да се проба во странство, изјави тренерот Тодоров.

 

По едногодишно отсуство во тимот се врати Дамјан Стојановски кој ја доби капитенската лента.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.