Барсегјан: Ќе сториме се за поволен резултат од Истанбул

ФК Вардар

Македонскиот шампион Вардар утре ќе му гостува на Фенербахче, дуел кој што може да донесе историски пласман во групна фаза од фудбалската Лига на Европа.

 

„Црвено-црните“ во Истанбул носат предност од 2:0 остварена на мечот во Скопје, а стрелецот на првиот гол од тој натпревар Тигран Барсегјан се надева на пласман во групите.

 

- Резултатот од првиот натпревар е добар, но не е гаранција дека сигурно ќе поминеме понатаму. Имаме шанса да направиме нешто големо, и ќе дадеме се од себе за поволен резултат на реваншот против Фенербахче. Мораме да бидеме концентрирани во текот на целиот натпревар. Играме против еден голем тим кој што има одлични играчи во своите редови, вели Барсегјан.

 

Натпреварот на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул ќе се одигра утревечер со почеток во 19 часот и 30 минути. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.