Раиконен го продолжи договорот со Ферари

Кими Раиконен

Ферари објави дека го продолжиле договорот со Кими Раиконен до крајот на 2018 година. Во соопштението од таборот на Ферари истакнаа дека го обновиле нивниот технички и тркачки договор со Раиконен. 37 годишниот возач на Ферари со тоа ќе остане петта сезона во тимот од Маранело.

 

Претходно Кими возеше за Ферари и во сезоните 2007/08 и 2008/09. Раиконен во моментов е на петтата позиција во генералниот пласман во Формула 1.

 

Неговиот тимски колега, Себастијан Фетел е на првата позиција со 14 бодови предност пред Луис Хамилтон. Договорот на Себастијан Фетел истекува по крајот на оваа година и се уште не е позната неговата иднина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.