All for Joomla All for Webmasters

Во дербито на првата кошаркарска лига на Македонија, Карпош Соколи го совлада шампионот МЗТ Скопје со 85:83

Kошаркарска лига на Македонија

Во дербито на првата кошаркарска лига на Македонија, Карпош Соколи го совлада шампионот МЗТ Скопје со 85:83 во СЦ Јане Сандански. Гостите водеа во текот на целиот натпревар, а откако „металците“ доживеаја пад во формата во втората четвртина, Соколи се вратија со 14 поени едноподруго за водство од 49:33 на полувремето.

 

Соколи дојде и до +17, пред МЗТ Скопје да се врати со 8-0 серија и намали на достижни 59:70. Во последната четвртина, МЗТ имаше шанса да направи неверојатен кам-бек откако во последните минути дојдоа и на -3, 82:85, меѓутоа тоа беше сè што можеше да направат шампионите. За Карпош најефикасен беше репрезентативецот Дарко Соколов со 19 поени, Чомагиќ имаше 16, a Браун додаде 15. Кај МЗТ, Бојан Трајковски даде 34 поени, 8 скока и 2 асистенции.

 

За тимот на Александар Тодоров ова е трет пораз по ред откако загубија во АБА-лигата од ФМП и Задар.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |