Рафа Надал-Марин Чилиќ е првата полуфинална двојка на АТП мастерсот во Шангај, Кина

Рафаел Надал

Рафа Надал-Марин Чилиќ е првата полуфинална двојка на АТП мастерсот во Шангај, Кина. Првиот носител Надал, избори полуфинале откако го победи Бугаринот Григор Димитров со 2-1 во сетови за два и пол часа игра со 6-4, 6:7, 6:3.

 

Надал играше трпеливо од самиот почеток, дочека мал пад на концентрацијата кај Димитров во деветтиот гем од првиот сет и потоа го освои сетот. Бугаринот својата шанса ја дочека во тај-брејкот на вториот сет кога успеа да се врати од негатива 2:4 и да го израмни резултатот во сетови. Во третиот сет, Шпанецот беше тој кој стигна до брејк, а потоа и до триумф од 2:1 во сетови.

 

Надал во една недела два пати го победи Димитров кога го доби и нивниот дуел во полуфиналето на турнирот во Пекинг. Марин Чилиќ во два сета го совлада Шпанецот Алберт Рамос Вињолас со 6:3, 6:4. Чилиќ против Рамос Вињолас одигра сигурен меч, направи еден брејк во шестиот гем од првиот сет, а во вториот најпрвин успеа да го врати загубениот сервис, а потоа со нов брејк по 82 минути игра го заврши мечот.

 

Трет кој избори полуфинале е Де Потро кој со пресврт победа од 2-1 во сетови го победи Виктор Троицки со 4-6, 6-1 и 6-4. Делпо во полуфиналето ќе го чека подобриот од мечот Федерер-Гаске.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.