Во Лигата на шампионите се одиграа 8 средби од 3.коло. Во дербито на вечерта Реал и Тотенхем одиграа без победник 1-1 на Бернабе

Лига на шампиони

Во Лигата на шампионите се одиграа 8 средби од 3.коло. Во дербито на вечерта Реал и Тотенхем одиграа без победник 1-1 на Бернабе.

 

Тотенхем имаше водство со автоголот на Рафаел Варане, меѓутоа шпанскиот фаворит се врати откако пред истекот на полувремето, во 43. минута Кристијано Роналдо беше сигурен од белата точка. Во оваа група Реал и Тотенхем се најдобрите тимови, откако Борусија Дортмунд на гостувањето на Кипар, одигра 1-1 со АПОЕЛ.

 

Уште едно дерби се одигра ова коло. Во дуелот на лидерите во англиското и во италијанското првенство, Манчестер сити стигна до победа над Наполи со 2-1. Тимот на Пеп Гвардиола имаше одличен старт, откако прво Стерлинг во 9. минута, а потоа и Габриел Жесус во 13. минута донесоа 2:0 водство. Наполи, кој има рекордни осум победи по ред во Серија А, имаше шанса да се врати со пенал во 38. минута, но Мертенс не успеа да реализира. Тие успеаја да го намалат водството на 2:1 во 73. минута, кога повторно имаа пенал, но сега Диавара не згреши.

 

Ливерпул го торпедираше Марибор на гостувањето во Словенија, совладувајќи го со неверојатни 7:0. Фирмино и Салах постигнаа по два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Кутињо, Чембрлен, како и Александер-Арнолд.

 

Во другите средби, Спартак Москва-Севиља 5-1, Феенорд-Шахтјор 1-2, Монако-Бешикташ 1-2 и Лајпцип-Порто 3-2. Вечерва 3.коло ќе се затвори со нови 8 средби од групите А, Б, Ц, и Д. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.