Извлечени двојките од баражот за пласман на СП 2018 во Русија

Светско првенство во Русија 2018

Светската фудбалска асоцијација ФИФА во своето седиште во Цирих ги извлече двојките за баражот за пласман на Светското првенство во Русија 2018. Ждрепката сакаше да се сретнат, Северна Ирска-Швајцарија, Хрватска-Грција, Данска-Република Ирска и Шведска-Италија.

 

Првите натпревари ќе се одиграат во периодот од 9 до 11 ноември, а реваншите на програмата ќе бидат од 12 до 14 ноември. Бараж натпревари ќе играат и Перу- Нов Зеланд и Хондурас-Австралија. Светското првенство во Русија ќе се одржи наредната 2018 година од 14 јуни до 15 јули.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.