Започна новата 72 сезона во НБА лигата со две мега пресметки

Голден Стејт - Хјустон Рокетс

Започна новата 72 сезона во НБА лигата со две мега пресметки. Во дербито на истокот Кливленд го победи Бостон со 102-99. Екс играчот на Кавалирси, Кајри Ирвинг не успеа да погоди тројка во последниот напад и да го однесе мечот во дополнители пет минути.

 

Бостон во вториот дел влезе во ритам, му се доближија на Кливленд но немаа време за целосен пресврт иако губеа со 18 поени разлика. Леброн Џејмс го предводеше Кливленд со 29 поени, 16 скока и 9 асистенции, а Лав забележа 15 поени и 11 скока. Ирвинг против својот довчерашен тим имаше 22 поени, 10 асистенции, 4 скока и 3 украдени топки.

 

Во супер дербито на западот, Хјустон Рокетс нагости го победи шампионот Голден Стејт со 122-121. Ракетите успеаа да направат голем пресврт, да надоместат негатива од 17 поени и да стигнат до победа., Кевин Дурент го погоди последниот шут за победа на Голден стејт, но топката ја исфрли по истекот на времето. Такер ги погоди двете слободни и на Хјустон му донесе предност од 122:121 на 44 секуди до крајот на мечот. Харден не реализира за три поени, а шутот на Дурент за победа беше упатен по истекот на времето. Харден го предводеше Хјустон со 27 поени, 10 асистенции и 6 скока, 24 даде Гордон, а Такер 20 коша. Кај Голден Стејт, Ник Јанг беше најефикасен со 23 поени, 22 даде Стеф Кари, а Дурент заврши со 20 поени, 5 скока и 7 асистенции.

 

За вечерва предвидени се 11 натпревари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.