Во лигата на шампионите се комплетираше 3.коло

Лига на шампиони

Во лигата на шампионите се комплетираше 3.коло. Барселона и со играч помалку на теренот славеше против Олимпијакос со 3-1 на Ноу Камп. Меси повторно постигна одличен гол од слободен удар. Аргентинецот, кој сам ја однесе Аргентина на СП со хет-трик на гостувањето кај Еквадор, оваа сезона за Барселона има одиграно 11 натпревари во кои постигна 14 гола.

 

Челзи и Рома го одиграа најинтересниот натпревар откако ги почестија гледачите со шест гола и со многу пресврти. Челзи имаше убедливо водство од 2:0 со одличните голови на Давид Луиз и Еден Азар, пред Александар Коларов и Един Џеко да направат целосен пресврт за „волчицата“. Џеко со два одлични гола ги донесе Рома до изненадувачко водство, пред Азар со вториот гол да ја покаже својата вредност во тимот на Антонио Конте.

 

За парижаните проработе напаѓачкиот квалитет, откако Мбапе, Кавани, Нејмар и Анхел ди Марија им донесоа на ПСЖ победа од 4:0 на гостувањето кај Андерлехт.

 

Во Б-групата, Баерн, лесно со 3:0 го совлада шкотскиот шампион Селтик,  за прва европска победа оваа сезона под водство на „вечниот“ Јуп Хајнкес. Одличниот трик-удар на Маркус Рашфорд беше доволен Манчестер јунајтед да си замине со три поени од португалското гостување кај Бенфика, додека Базел покажа дека е многу сериозна екипа кога се работи за европските натпреварувања со победа од 0:2 над ЦСКА во студената Москва.

 

На другите средби, Јувентус-Спортинг Лисабон 2-1 и Карабаг-Атлетико Мадрид 0-0. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.