Иако одлучи да паузира до крајот на сезоната, Карло Анчелоти преговара со фудбалскиот сојуз на Хрватска

Карло Анчелоти

Иако одлучи да паузира до крајот на сезоната, Карло Анчелоти преговара со фудбалскиот сојуз на Хрватска за селекторското место. Хрватите го контактирале Анчелоти, откако тој доби отказ во Баерн и му понудиле да ја предводи Хрватска на Светското првенство во Русија, доколку „коцкестите“ го минат бараж двомечот на 9 и 12 ноември против Грција.

 

Хрватска на последниот меч во квалификациите и победата во Украина од 0:2 ја предводеше Златко Далиќ, кој го наследи Анте Чачиќ кој доби отказ по неколкуте лоши резултати. Тоа е причината зошто Хрватска ќе мора да игра дополнителни две средби за да се пласира на Мундијалот.

 

На Далиќ му било ветено дека ќе ја води селекцијата во Русија доколку биде успешен во баражот. Челниците на Фудбалскиот сојуз на Хрватска „биле уверени дека на нивниот тим, кој е преполн со одлични играчи, му недостига само искусен, врвен тренер, кој имал успеси на сите нивоа“.

 

Анчелоти со Хрватите веќе ги обавил првите разговори и наводно бил подготвен да работи и за помала плата, само за да ги предводи „коцкестите“ на Мундијалот. 59-годишниот Италијанец во Реал Мадрид заработуваше годишно по 7,5 милиони евра. Тој е еден од најдобрите во својата работа, ја има освоено Лигата на шампиони три пати, а успеал да биде шампион во четири национални шампионати (Италија, Франција, Англија, Германија).

 

Во кариерата работел во Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.