Во НБА лигата се одиграа 11 натпревари. Хјустон стигна до втора победа во лигата

НБА

Во НБА лигата се одиграа 11 натпревари. Хјустон стигна до втора победа во лигата откако го победи и Сакраменто со 105-100. Џејмс Харден постигна 27 поени, и 9 асистенции. Сан Антонио ја победи Минесота со 107-99, а ги предводеше Ламаркус Олдриџ со 25 поени и 10 скока.

 

Кај Минесота најефикасен беше Ендрју Вигинс со 26 поени, додека Таунс 18 поени и 13 скока. Никола Вучевиќ постигна 18 поени и 13 скока во победата на Орландо во дербито на Флорида против Мајами со 116-109. Во поразениот тим Горан Драгиќ имаше 16 поени и 6 асистенции. Феноменална партија во првиот меч од новата НБА сезона одигра Јанис Антетокумпо кој со Милвоки славеше против Бостон со 108-100. Антетокумпо мечот го заврши со 37 поени и 13 скока.

 

Кај Бостон Кајри Ирвинг постигна 17 поени, а Тери Роузир запиша 15 поени. На другите средби, Детроит – Шарлот 102-90, Индијана – Бруклин 140-131, Вашингтон – Филаделфија 120-115, Мемфис – Њу Орлеанс 103-91, Далас – Атланта 111-117, Јута – Денвер 106-96 и Портланд нагости го уништи Феникс со 48 поени разлика 76-124.

 

За вечерва на НБА програмата предвидени се три средби меѓу кои и дербито во Лос Анџелес помеѓу Клиперси и Лејкерси. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.