Реал Сосиедад го декласира Вардар со 6:0 во Скопје

Лига Европа

Со единаесетте натпревари се комплетираше 3 коло во фудбалската Лига Европа. Вардар беше декласиран од Реал Сосиедад за 6-0 во Скопје. Ова беше трет висок пораз во третиот меч за Вардар во првата сезона во Лига Европа.

 

Ѕвезда на мечот несомнено беше Вилијан Жозе, 25-годишниот бразилски напаѓач, за кого немаше место во тимот на Реал Мадрид, но своето место си го најде во Сосиедад, и со четири одлични гола покажа дека е одличен голгетер. Ојарзабал уште во 12. минута го постигна првиот гол за баскискиот тим, по што почна опсадата пред голот на Гачевски, со шанси за Каналес и Жозе.

 

Вардар се охрабри по 20-ина минути игра кога во шанса беа Барсегјан и Николов, но потоа во 34. минута Вилијан Жозе за 11 минути постигна уште два гола за убедливи 0:3. Вилијан Жозе го започна одлично и второто полувреме кога за четири минути додаде два гола, првиот со глава во 55. минута, а вториот во 59. минута по грешката на одбраната на Вардар. Тренерот Еузебио Сакристан реши дека Бразилецот направи доволно и со сигурен резултат го повлече од игра во 60. минута. Беља во 90. минута го постави конечниот резултат.

 

За „црвено-црните“ ова е уште еден удар во евро натпреварувањата, а лошата вест е што следниот меч го игра против истиот противник на 2 ноември во Сан Себастијан. Во вториот меч од оваа група Зенит со 3-1 го победи Розенборг. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.