Фернандо Алонсо потпиша нов договор со Мекларен

Мекларен

Двократниот светски Ф1 шампион Фернандо Алонсо потпиша нов договор со Мекларен. Тој ќе остане во тимот на Мекларен и во 2018 година, негова четврта едноподруго сезона со тимот од Вокинг.

 

Шпанецот претходно најавуваше дека ќе треба да види дали славниот тим може да биде конкурентен следната сезона, но, по сè изгледа, го убеди одлуката на Мекларен да ја прекрати тригодишната соработка со Хонда и за 2018 да склучи договор со Рено. Алонсо вторпат дојде во Мекларен во 2015 година откако претходно помина една бурна сезона со тогашниот дебитант Луис Хамилтон во тимот.

 

„Срцето постојано ми велеше да останам бидејќи ова е местото во кое навистина се чувствувам како дома“, изјави Алонсо кој оваа сезона со Мекларен има освоено само 10 бода и се наоѓа на 16-тото место.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.