Реал Мадрид ја победи ЦСКА Москва со 82-69 во кошаркарската Евролига

Евролига

Во Евролигата се одиграа 4 средби од 2.коло. Во дербито Реал Мадрид ја победи ЦСКА Москва со 82-69. Шпанскиот тим средбата ја заврши со 12 резлизирани „тројки„ за на крајот да оствари висока победа.

 

На останатите три натпревари Макаби во Тел Авив ја победи Басконија со 74-68. Предноста на домашниот терен ја искористи и Панатинаикос кој со 93-83 го совлада Бамберг.

 

Актуелниот европски шампион Фенербахче славеше на гостувањето во Милано кај Армани дури по продолжението со 92-86. Македонскиот репрезентативец Џордан Теодор средбата ја заврши со 15 поени и 7 асистенции.

 

Денеска на програмата се останатите четири натпревари од ова 2.коло а се среќаваат Црвена звезда-Барселона, Химки-Жалгирис, Олимпијакос-Уникаха и Валенсија-Анадолу Ефес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.