Оклахома стигна до убедлива победа против Њујорк Никс со 105:84

НБА

Само три средби се одиграа во НБА лигата. Оклахома стигна до убедлива победа против Њујорк Никс со 105:84. Натпреварот беше одлучен во третата четвртина во која Оклахома успеа да стигне до сигурна предност и без проблеми да ја задржи.


Расел Вестбрук стигна до 80 трипл дабл во кариерата, а натпреварот го заврши со 21 поени, 10 скокови и 16 асистенции. Најефикасен беше Пол Џорџ со 28 поени, 22 додаде Кармело Ентони, а двоцифрена бројка имаше и Стивен Адамс со 12 поени.

 

Најефикасен кај Никси, а воедно и на натпреварот беше Порзингис со 31 поен и 12 скокови, а Енес Кантер даде 10 поени. Во градското дерби Клиперси беа подобри од Лејкерси со 108:92. Теодосиќ во своето деби во НБА лигата постигна 6 поени, запиша 6 асистенции и 1 скок. Блејк Грифин даде 29 поени и 12 скокови, Де Андре Џордан постигна 14 поени и 24 скока.

 

Торонто новата сезона во НБА лигата ја отвори со победа, против Чикаго со 117:101. Јонас Валачиунас имаше 23 поени и 15 скокови, а со 22 поени го следеше Сиџеј Мајлс. Во Чикаго најефикасен беше Робин Лопез кој постигна 18 поени и 8 скокови, а 17 даде Марканен.

 

За вечерва предвидени се 10 натпревари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.