Се одиграа првите 8 средби од 5.коло во групите Е, Ф, Г и Х во ЛШ

Лига на шампиони

Се одиграа првите 8 средби од 5.коло во групите Е, Ф, Г и Х во ЛШ. Најдраматично беше во Севиља каде гостите од Ливерпул водеа со 3-0 со головите на двократниот стрелец Фирмино и Мане, но домаќинот на крајот преку расположениот Једер кој постигна два гола и Пизаро обезбеди голем бод.

 

За издвојување е убедливата победа на Реал нагости кај АПОЕЛ со 6-0 во Кипар. Бензема и Роналдо ги прекинаа голгетерските постови и псотигнаа по два гола. Во листата на стрелците уште се запишаа Модриќ и Начо. Интересен беше и дуелот од оваа група помеѓу Борусија Дортмунд и Тотенхем. Германците имаа предност по првите 45 минути преку Обамејенг, но Тотенхем во вториот дел направи целосен пресврт и славеше со 1-2. За нови три бода на Тотенхем се погрижија Кејн и Сон.

 

На другите средби Манчестер Сити-Феенорд 1-0, Бешикташ-Потро 1-1, Спартак Москва-Марибор 1-1, Монако е елиминиран од Лигата на шампионите и Лигата на Европа со пораз на домашен терен од Лајпциг со 1-4, Наполи во вториот дел го скрши Шахтјор со 3-0.

 

Во фудбалската Лига на шампиони денеска ќе се одиграат преостанатите 8 натпревари од претпоследното 5.коло во групната фаза. Најинтересно се очекува да биде во Торино, каде Јувентус ја пречекува Барселона, а слично треба да биде и во Мадрид, каде Атлетико е домаќин на Рома.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.