Во НБА лигата се одиграа 5 средби. Само Бостон, славеше во домот на Детроит со 91-81

НБА

Во НБА лигата се одиграа 5 средби. Само Бостон, славеше во домот на Детроит со 91-81. Лоша шутерска ноќ имаше Кајри Ирвинг. Избраниците на Бред Стивенс одлично ги одиграа првата и третата четвртина, што беше доволно за 23. сезонска победа. Најдобар поединец кај Селтикси беше Ал Хорфорд со 18 поени и 8 скока.

 

Најдобрата индивидуална претстава ја имаше Оладипо, кој постигна рекордни 47 поени и го најави пресвртот на Индијана која се врати од -19 за да слави конечна победа над Денвер од 126-116. Мајл Тарнер, постигна 24 поени и 8 скока. Кај гостите најефикасен беше Лајлс со 24 поени. Во најефикасниот меч, Њу Орлеанс ја победи Филаделфија со 131-124. Холидеј со 34 поени се истакна кај Пеликанси, а Ентони Дејвис, даде 29 поени. Рондо со 18 асистенции постави нова граница по бројот на додавања оваа сезона. Во другите средби Њујорк славеше над Атланта со 111-107 и Минесота-Далас 97-92.

 

За вечерва предвидени се 6 натпревари. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.