Голманот на Вардар Арпад Штербик е прогласен за најдобар ракометар на светот за 2017 година

Арпад Штербик

Голманот на Вардар Арпад Штербик е прогласен за најдобар ракометар на светот за 2017 година. Изборот кој го направи ракометниот сајт, „Handball Planet“.

 

Искусниот 37-годишен чувар на мрежата на Вардар го предводеше тимот до историската прва титула, европски првак на Ф4 турнирот во Келн. Најпрво ја победи Барселона, а потоа беше подобра и од Пари Сен Жермен. Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, а гласаа и повеќе од 100.000 посетители на сајтот.

 

Освен Штербик кој беше избран за најдобар ракометар во светот, беше составен и најдобриот тим каде се најдоа и Генсхајмер, Томас, Хансен, Мирхол, Никола Карабатиќ, Ремили и Лука Карабатиќ. Од овие 8 ракометари, дури 5 има од тимот на ПСЖ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.