На СП 2018 во Германија за жени позната е првата полуфинална двојка

СП 2018

На СП 2018 во Германија за жени позната е првата полуфинална двојка. Таму ќе се сретнат Шведска и Франција. Тие во 1/4 финалните средби беа подобри од Данска и Црна Гора.

 

Ракометарката на ЖРК Вардар, Амандин Лејно ја предводеше Франција до триумфот над Црна Гора од 25:22. Лејно мечот го заврши со 13 одбрани и заслужено беше прогласена за најдобар играч. Најефикасна во победничката репрезентација беше Алисон Пино со пет гола, додека вардарката Александра Лакрабер четири пати се запиша во листата на стрелците. Кај Црна Гора, Булатовиќ даде 9 гола, додека третата вардарка која настапи на овој дуел, Јованка Радичевиќ постигна четири гола.

 

Во полуфиналето Франција ќе игра со Шведска која ја победи Данска со 26-23. Вториот полуфинален пар ќе биде познат по денешните четвртфинални средби: Холандија – Чешка и Норвешка – Русија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.