Во НБА лигата се одиграа 7 средби. Кливленд ја совладаа Атланта со 123:114

НБА

Во нба лигата се одиграа 7 средби. Кливленд ја совладаа Атланта со 123:114, во натпревар во кој постигнаа 20 тројки, а Леброн Џејмс постави сезонски рекорд според бројот на асистенции.

 

Кливленд во првиот период постигна девет тројки од 13 обиди со шти постави рекорд на франшизата по бројот на постигнати тројки во една четвртина. Леброн Џејмс даде 25 поени, 7 скока и рекордни сезонава 17 аистенции. Кај Атланта најекспониран беше Бејзмор со 20 поени, 8 скока и 5 асистенции. Ленард конечно го имаше своето деби за оваа сезона, но и покрај тоа „Спарси“ загубија од Далас нагости со 95-89. Најзаслужен за тоа е Џеј Џеј Бареа, кој постигна 14 од своите 16 поени во второто полувреме помагајќи му на Далас да стигне до победата, додека Харисон Барнс беше најефикасен кај Далас со 17 поени.

 

На другите средби Детроит - Денвер 84:103, Њујорк - ЛА Лејкерс 113:109, Бруклин - Вашингтон 103:98, Минесота - Филаделфија 112:118, Сакраменто - Феникс 99:92. За вечерва предвидени се 9 натпревари. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.