На СП во ракомет за жени во Германија позната е втората полуфинална двојка

СП во ракомет за жени

На СП во ракомет за жени во Германија позната е втората полуфинална двојка. Таму ке се сретнат Норвешка и Холандија.

 

Норвешка со убедливи 34:17 ја победи Русија во четвртфиналниот дуел и се пласира во полуфиналето. Претходно Холандија ја совлада Чешка со 30-26. Така место меѓу најдобрите четири селекции на планетарниот собир обезбедија Холандија, Норвешка, Франција и Шведска.

 

Полуфиналните мечеви ќе се играат утре во Хамбург. Двојките се: Холандија-Норвешка од 17:30 и Шведска-Франција од 20:45 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.