Во НБА лигата се одиграа 9 натпревари

НБА

Во НБА лигата се одиграа 9 натпревари. Поуспешни беа домаќините кои победија на 5 од нив. Оклахома славеше нагости кај Индијана со 100-95. Вестбрук, Џорџ и Ентони немаа своја вечер, но затоа ги предводеше Адамс со 23 поени и 13 скока.

 

Големо изненадување направи Чикаго кој ја совлада Јутa со 103-100. Биковите до победа ги водеше одличниот Миротиќ со 29 поени и 9 скока. Кошаркарите на ЛА Клиперс славеа на гостувањето во Орландо со 106-95 и ја продолжија серијата на победи. Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ одигра блескава партија и во првите 25 минути диригираше со играта на Клиперси притоа постигнувајќи 8 поени. Најдобар во победничката екипа беше Лу Вилијамс со 31 поен и 8 асистенции.

 

Хјустон продолжува да реди победи. 11—та едноподруго, овој пат над Шарлот со 108-96. Пресуден момент беше финишот на првата и почетокот на втората четвртина, кога „Ракетите“  направија серија од 25-0. Еден од најзаслужните беше Крис Пол со 31 поен, 7 скока и 11 успешни додавања, а првата звезда Џејмс Харден помогна со 21 поен.

 

Лидерот на Исток, Бостон, брзо се оправи по шокантниот пораз од Чикаго, па со враќањето на Кајри Ирвинг им се врати и на победите. Го совлдаа Денвер со 124-118, а токму Ирвинг беше предводник до 24 сезонска победа со 33 поени и 7 асистенци. На останатите натпревари Вашингтон - Мемфис 93:87, Мајами - Портланд 95:102, Њу Орлеанс - Милвоки 115:108 и Феникс - Торонто 109:115.

 

За вечерва предвидени се 5 натпревари на НБА програмата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.