УЕФА ги заострува критериумите на судиите за да ги заштити фудбалерите

УЕФА

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги повика судиите почесто да ги казнуваат грубите прекршоци за време на натпреварите од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа.


- Работата на фудбалерите е да играат, а наша задача е да ги заштитиме. Не сакаме да гледаме повреди кои ја загрозуваат кариерата на играчот, без разлика дали биле направени ненамерно или не, изјави Пјерлуиџи Колина, претседателот на Судиската комисија на УЕФА.


Легендарниот арбитер кој важи за еден од најдобрите фудбалски сидии на сите времиња побара играчите да покажат почит кон ривалите.


- Да се врати фер-плејот на терените. Респектот кон противничкиот играч треба да постои во секој момент од натпреварот, додава Колина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.