ЗОИ 2018: Трето злато на Олимпијадите за Шон Вајт

Шон Вајт

Американскиот сноубордер Шон Вајт е победник во дисциплината хајфпајп и по трет пат стигна до златниот медал на ЗОИ.


Вајт беше највисоко на победничкиот подиум и на Олимпијадите во Торино 2006 и во Ванкувер 2010 година.


Американецот до златото дојде со освоени 97,75 бода во третата серија, пред Јапонецот Ајуму Хирано кој оствари најдобар резултат 95,25 бода во втората серија. На трето место се пласира Скоти Џејмс од Австралија со 92 бода – резултат остварен во првата серија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.