Гласините почнаа: Реал тргнува по Пол Погба

Пол Погба

Очекувањата дека Реал Мадрид ќе биде еден од најактивните клубови на пазарот во текот на летото даваат многу прилики на медиумите да шпекулираат со идентификување на главните трансфер цели на „белите“. 


Според „Сан“, од „Сантијаго Бернабеу“, подготвуваат изненадувачка понуда за најскапиот играч на Манчестер Јунајтед - Пол Погба. Вчера, тимот објави дека на Французинот веќе зажалил што избрал да се врати во Манчестер Јунајтед.


Погба претрпе многу критики во последно време, особено по неговиот настап во дербито со Тотенхем минатиот месец. Веднаш по овој дуел Жозе Мурињо дури го остави на клупата Французинот за натпреварот со Хадерсфилд. Против Њукасл, играчот од средниот ред беше заменет по околу еден час игра. 


Сепак „Сан“ тврди дека Мурињо нема намера да се раздели со Погба, кој има договор за уште 3,5 години. Но, ова нема да го запре „кралскиот клуб“, кој е подготвен да понуди околу 120 милиони фунти за Французинот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.