Меси ќе игра помалку за Барса до крајот на сезоната

Лионел Меси

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси и тренерот Ернесто Валверде донеле заедничко решение Меси да добива почести паузи до крајот на сезоната, објави весникот „Марка“.

 

Причината е дека специјалистот сака да го сочува својот најголем адут свеж за важните битки во големите натпревари во Лигата на шампионите и дерби дуелите во Ла Лига. Лео играше речиси непрекинато за време на кампањата, но пред неколку месеци тој изрази подготвеност да седне на клупата кога ќе биде потребно. Неодамна, пак, шефот на аргентинската федерација, Клаудио Тапиа јавно изјави дека би сакал петкратниот освојувач на „Златната топка“ да добива почесто паузи поради претстојното светско првенство во Русија.

 

Оваа недела „каталонците“ ќе играат против Еибар, против кој Меси има постигнато дури 12 гола во само 6 натпревари. Речиси е сигурно дека тој ќе седне на клупата и ќе се појави во игра како резерва. Во осминафиналето во Лигата на шампионите, Меси има тешка задача, бидејќи таму се соочува со најнеудобниот свој противник - Челзи. Во осум натпревари против тимот од Лондон, Аргентинецот нема постигнато гол. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.