Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за двете пријателски средби во Анталија

Македонска фудбалска репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за двете пријателски средби во Анталија. Играме против Финска на 23 март и со Азербејџан на 27 март.

 

Репрезентацијата полека се комплетира, а вчера го одржа и првиот тренинг. Недостигаат уште тројца репрезентативци Ристовки, Алиоски и Димитриоски. Селекторот Ангеловски нема да експериментира со составот, па црвено-жолтите со комплетен тим ќе се обидат да ја продолжат серијата на успешни настапи.

 

Со овие две средби Македонија ќе има можност  и шанса составот дополнително да се подготви пред стартот на Лигата на нациите во месец септември. Македонија игра против Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн.

 

Првиот меч на црвено-жолтите се игра в петок од 17 часот по македонско време со Финска, а четири дена подоцна во истиот термин против Азербејџан. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.