Петмина врвни тренери ќе бидат можни наследници на Арсен Венгер на клупата на Арсенал

Арсен Венгер

Петмина врвни тренери ќе бидат можни наследници на Арсен Венгер на клупата на Арсенал. Како што и претходно беше најавено и се шпекулира дека францускиот стратег по крајот на сезоната ќе си замине од Емирати.

 

Венгер полека ја губи довербата на навивачите и многумина сметаат дека ова е негова последна сезона во Арсенал. Прв кандидат е неговиот сонародник Тиери Анри, легендата на Арсенал, но тој нема многу искуство во тренерската работа. Следен е Карло Анчелоти, но не е познато дали Анчелоти има желба да седне на клупата на „топчиите“.

 

Третиот и можеби најпосакуван кандидат е Диего Симеоне. Аргентинецот направи се што можеше во Атлетико, освои титула, два пати играше финале во Лигата на шампионите и сега би можел да се прости со трофеј во Лигата на Европа. Најмали шанси им се даваат на Јоаким Лев и Роберто Мартинез.

 

Арсенал е на големи маки оваа сезона во Премиер лигата, а пласманот во Лигата на шампионите следната сезона е скоро и невозможен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.