Македонската фудбалска остана на 77 позиција на најновата ФИФА ранг-листа

ФИФА

Македонската фудбалска остана на 77 позиција на најновата ФИФА ранг-листа.  Во изминатите триесетина дена не беа играни натпревари, не дојде до посериозни промени не само кај нашиот национален тим, туку и кај поголемиот дел од селекциите.

 

Пред Македонија се наоѓаат Кина, Уганда, Киргистан и Сирија, а зад „црвено-жолтите“ се Замбија, Белорусија, Канада, Обединетите Арапски Емирати. На врвот нема промени. На првата позиција е Германија, а во Топ 10 се уште и селекциите на Бразил, Белгија, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.