Атлетико Мадрид по трет пат во својата историја ја освои Лига Европа

Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид по трет пат во својата историја ја освои Лига Европа. Тие во финалето на стадионот во Лион, го победија Олимпик Марсеј со 3:0 и стигнаа до драгоцениот пехар.

 

По успесите во 2010 и 2012 година оваа 2018 за Атлетико значи трет трофеј во ова натпреварување. Голем херој за тимот од Мадрид беше Антоан Гризман, постигна два гола, а капитенот Габи додаде уште еден. Атлетико беше без својот тренер Диего Симеоне кој беше казнет по неговите жестоки реакции во првиот полуфинален натпревар против Арсенал и ги гледаше дуелите од ложата.

 

Марсеј губи трето финале во Европа по 1999 година од Парма во Купот на УЕФА и 2004 година од Валенсија на истиот турнир. Тие не успеаја да станат првиот француски победник на турнирот, додека „јорганџиите“ запишаа прва победа во Франција по 57 години и повторно триумфира на европската арена по два порази во финалето на Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.