Џанлуиџи Буфон и официјално објави заминување од Старата дама

Џанлуиџи Буфон

Џанлуиџи Буфон и официјално објави заминување од Старата дама. Тој во сабота ќе го одигра последниот натпревар за клубот од Торино. 40-годишниот голман сепак не оди во пензија туку можно е да се пресели во друг клуб, но се зависи од понудите.

 

„Пред 15 дена бев сигурен дека престанувам да играм, но сега добив некои предлози кои се возбудливи. Тие се поврзани како со работа на теренот, така и надвор од него. Следната недела, по два-три дена размислување, ќе донесам конечна одлука“, изјави Буфон.

 

Се појавија информации дека Буфон може да заигра во Англија во тимот на Ливерпул, а  овие денови и ПСЖ е опција за ветеранот. Од Париз тврдат дека голманот е во контакт со парискиот клуб. На Буфон наводно му е понуден двегодишен договор, бидејќи од управата на ПСЖ цврсто веруваат дека тој би можел да има позитивно влијание на останатите играчи.

 

„Ако ја продолжам кариерата, сакам голем предизвик“, изјави Буфон.

 

Францускиот клуб очајно сака да ја освои Лигата на шампионите, а на Буфон тоа досега никогаш не му успеа, па останува да видиме дали славниот ветеран ќе се обиде тоа да го направи во дресот на гигантот од Париз.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.