НБА тимот на Феникс Санс ќе го избира првиот пик на овогодишниот НБА драфт

НБА драфт

НБА тимот на Феникс Санс ќе го избира првиот пик на овогодишниот НБА драфт и тоа за прв пат во својата историја. Новиот тренер на сонцата Игор Кокошков го доби правото да бира прв на следниот драфт.

 

Тоа ќе му овозможи на Кокошков да го одбере можеби Лука Дончиќ, талентираниот Словенец со кого го освои Европското првенство. Другиот главен фаворит за прв пик е ДеАндре Ајтон. Втор ќе бира Сакраменто Кингс, а потоа следуваат Атланта, Мемфис, Далас, Орландо, Чикаго, Кливленд, Њујорк и Филаделфија.

 

НБА драфтот ќе се одржи на 21 Јуни во Бруклин, Њујорк.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.